Повторно забележани дронови над Белгија

Три дронови синоќа повторно се забележани над критичната инфраструктура во Белгија, овој пат над нуклеарна централа Доел, лоцирана во близина на Антверпен.
Операторот „Енги“ соопшти дека беспилотните летала немале никакво влијание врз активноста на електраната Доел.
Претходно, неколку дронови беа забележани и над аеродромот во Лиеж, поради што околу еден час беше прекинат воздушниот сообраќај.
Изминатите денови дронови надлетуваа над повеќе места во Белгија, меѓу кои и над белгиската воена база Клајне-Брогел, што ја користи НАТО, во Клајне-Брогел. Според непотврдени извештаи, воздухопловната база е една од локациите во Европа каде што се складира американско нуклеарно оружје.
Германското Министерство за одбрана минатата недела соопшти дека германските вооружени сили ќе ја поддржат Белгија во нејзината одбрана од дронови.
МИА
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
-

Превирања околу реформите во СДСМ
-

Кривична за вработена како благајник во Јавно претпријатие комунални работи Кавадарци, одзела 568.684 денари од претпријатието
