Повторно воена реторика на Балканот
Во најжешка размена на зборови од војната од 90-те години на минатиот век, Србија ја предупреди Босна дека ќе им помогне на босанските Срби ако бидат нападнати, додека растат тензиите на Балканот пред референдумот в недела, пишува агенцијата АП во текст под името „Повторно воена реторика на Балканот”.
Агенцијата наведува дека министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ рече дека Србија „секако нема да дозволи рушење или воена напад” на автономниот босански ентитет Република Српска, формирана врз основа на мировниот договор постигнат со посредство на САД кој ја подели Босна.
АП укажува дека „Дачиќ реагирал на изјавата на воениот командант на Армијата на БиХ, Сафер Халиловиќ кој рече дека без српска помош босанските Срби не би можеле да им пружат отпор на федералните сили на БиХ повеќе од 15 дена.
Халиловиќ, кој е генерал во пензија, ваквата изјави ја даде за локална босанска телевизија, говорејќи како некој кој не е на никаква официјална фуннкција.
АП потсетува дека Република Српска, која ја нарекува „мини држава”, в недела ќе одржи референдум за задржување на 9 јануари како датум за својот национален празник, што е датум кога босанските Срби прогласија основање на своја држава во рамките на Босна.
Во текот на војната која следеше, тие ги „протераа не-Србите од територијата под своја контрола со цел таа да стане дел од соседна Србија. Луѓето кои не се Срби кои живеат таму, тој датум го гледаат како симбол на своето протерување и знак дека Република Српска и натаму е место наменето само за Србите”.
Уставниот суд на БиХ пресуди дека тој празник бил дискриминација на штета на босанските муслимани и католичките Хрвати, наведува АП и потсетува дека Русија го поддржува одржувањето на референдумот, додека САД и Западот се против него.
Меѓународното тело за мониторинг на мировниот договор, Советот за спроведување на мир во БиХ (ПИЦ), ги повика страните да се воздржат од „какви било мерки на реакции и реторики за поделба”.
Тој орган „остро ги осуди сите изјави кои ја нарушуваат стабилноста и безбедноста или кои го доведуваат во прашање територијалниот интегритет” на БиХ.
Блиц - Белград
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена