Повторно во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беше пријавено труење со храна
Повторно е во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беа уништени повеќе од 200 килограми храна поради пријавено труење.
Акцијата, како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, се спроведувала од 18 до 21 јули.
-Уништивме млечни производи, преработки од месо, риба,..., буквално се што најдовме што не беше безбедно. Утврдена беше контаминација со бактерии, и на површините и кај вработените. Кујната беше затворена веднаш, уште на 18 јули. Недоследностите се отстранети и кујната во одморалиштето е повторно во функција, а против економскиот оператор ќе следи соодветна постапка, информира Бабовски.
Во разговор за МИА што беше објавен деновиве, директорот откри и дека од почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје, пријавени се и спроведени истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, пак, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка - глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини, предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан и против операторот е изречена казнена мерка - глоба.
Ново на Сител
-
Во Белград пронајдено исчезнато дете откако бил активиран системот „Пронајди ме“
-
Земјотрес од 7,4 по Рихтер во близина на Вануату
-
Без струја ќе останат дел од корисниците во општините Ѓорче Петров, Зелениково и Чучер Сандево
-
Завршна декларација од Самитот ЕУ-Западен Балкан: Забрзувањето на пристапниот процес е заеднички интерес
-
Петнаесетгодишно девојче застрела две лица во приватно училиште во САД, а потоа изврши самоубиство
-
Најмалку 100.000 луѓе се погребани во масовна гробница во близина на Дамаск, соопшти невладина организација
-
Холандија ќе го блокира следниот чекор на патот на Србија кон членство во ЕУ, најавува холандскиот шеф на дипломатијата
-
Претпладне со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност