Повторно раст на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, надлежните апелираат за имунизација
– По повеќеневните пониски троцифрени бројки, во Албанија повторно е регистрирана висока бројка на новозаразени со Ковид-19.
-Се зголемува бројот на нови случаи со Ковид-19 во последното деноноќие кога се потврдени 712 новозаразени што е 36,4 отсто од тестираните 1952. Ако се има предвид дека добар дел не се тестираат а други се тестираат во домашни услови, бројот е многу поголем, наведуваат од Министерството за здравстсво и социјална заштита.
Поради тоа од министерството повторно ги повикуваат граѓаните да не ја занемаруваат вакцинацијата против Ковид, особено во „овој период на зголемени контакти, поради движењата во текот на летната сезона“. Додаваат дека може да се вакцинираат сите на возраст над 12 години, а четврта доза може да примат лицата над 60-годишна возраст и хронично болните.
Во изминатото деноноќие во списокот на оздравни се внесени 551лице, починале две додека во болнички услови се третираат 21 пациент од вкупно 3490 активни на болеста.
Ново на Сител
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата