Повторно повреден пешак на регионалниот пат Тетово-Волковија кај Брвеница
Седумдесет и осумгодишен пешак од Брвеница е повреден на регионалниот пат Тетово-Волковија вчера околу 18 часот и 30 минути, откако во него удрило возило „форд фиеста“ управувано од жител од истото село на 40 години. Повредениот Т.М. (78) пренесен е во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, а увид извршила екипа од СВР Тетово. Регионалниот пат Тетово-Волковија што претставува главна улица во Брвеница е место каде често има сообраќајки со повредени пешаци.
На истата делница во декември 2019 имаше и жртва, во тој случај 63 годишен жител на тетовска Брвеница им подлегна на повредите во тетовската болница. Тој се движел со велосипед, а во него удри автобус на претријатие за превоз на патници од Тетово управувано од 50 годишниот М.Ш од Теново.
Во февруари годинава на поширокото тетовско подрачје регистрирани се пет сообраќајни несреќи, во кои непосредни ученици биле пешаци, а од кој еден завршил со тешки телесни повреди, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: ЕУ ќе ги спроведува дигиталните правила без оглед на тоа кој е сопственик на компаниите
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин