Повторно поскапува дизелот
Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во споредба со вчера.
Новата малопродажнa цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 76, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,314 отсто, кај дизелот за 4,601, кај екстра лесното масло за 4,326 и кај мазутот за околу 2,135 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1781 отсто.
Ново на Сител
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино
-
Побаран краткотраен притвор за четири лица во врска со пожарот во Трубарево
-
Дејан Митровски - Урко избран за член на Одборот на директори на ВАКО Европа
-
ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот
-
Познати противниците на нашите натпреварувачи на Европското јуниорско кикбокс првенство
-
Мицкоски: За пожарот во Трубарево приведени четири лица, истрагата е во тек, преземени се сите мерки
-
Мицкоски: Центри на моќ во и надвор од земјава стојат позади случувањата, пожари ќе има и во идниов период
-
Кај маж и жена од Гостивар пронајдени 37 пакувања со марихуана