Повторно почнува евакуација од источно Алепо
Под надзор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и сирискиот Арапски црвен крст автобусите за евакуација почнаа да влегуваат во последната енклава под контрола на бунтовниците во источно Алепо.
Сириските медиуми јавија дека автобусите ќе бидат искористени за евакуација на бунтовниците и цивилите.
Евакуацијата од областите под контрола на бунтовниците во источно Алепо беше прекината во петокот поради барање на провладините сили да се евакуираат и жителите на селата Ал-Фуа и Кефраја, кои се под опсада на сириските бунтовници.
Во Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе се гласа за предлог-резолуцијата на Франција за распоредување на меѓународни набљудувачи во Алепо со цел мониторинг и координација на евакуацијата на луѓето од источниот дел на Алепо.
Предлог-резолуцијата предвидува „безбедна евакуација на луѓето под надзор и контрола на меѓународни набљудувачи, како и пристап на хуманитарните организации до источниот дел на Алепо без условување, како и гарантирање на безбедноста на болниците“.
Ново на Сител
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми
-
ЦУК: Осум активни пожари, се уште активен пожарот во резерватот Јасен