Повторно отворен пристапот до поворката за Вестминстер, за збогување со кралицата се чека повеќе од 24 часа
Британските власти повторно дозволија пристап на сите оние кои сакаат да се збогуваат со Кралицата Елизабета Втора, што времено беше стопирано поради должината на поворката за влез во Вестминстерската палата каде е изложен ковчегот со нејзините посмртни останки.
„Пристапот до поворката е обновен. Внимавајте, се чека повеќе од 24 часа, а температурите ќе бидат ниски во текот на ноќта“, предупредуваат од Владата, притоа посочувајќи на можноста од повторно затворање на пристапот кон колоната.
Легендата на британскиот фудбал Дејвид Бекам денеска беше во поворката, а проценка е дека чекал во редицата повеќе од десет часа.
Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе биде в понеделник. Се очекува за церемонијата да допатуваат над 500 претставници од двеста држави, соопшти денеска британскиот Форин Офис. Меѓу нив има речиси сто шефови на држави и шефови на влади, како и над дваесет членови на кралски семејства.
Ново на Сител
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“
-
69 независни кандидати за градоначалници – 6 во Прилеп
-
Данева: Собранието го игнорира Уставниот суд
-
Родители реагираат за искинати учебници – МОН најавува брзо решение
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН