Повторно намален водостојот на Преспанското Езеро
За уште еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера кога исто така имаше намалување на нивото за еден сантиметар.
Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера со што нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро се пониски од просекот за јули и тоа за 91 сантиметар кај Дојранското, а за 1,84 метри кај Преспанското, додека водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри повисок од просечниот.
Повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината се и нивоата на повеќето реки. Исклучок се реките Пчиња на мерното место кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Струмица кај Ново Село и Радика кај Бошков Мост каде водостојот е понизок од просечниот.
Ново на Сител
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1
-
Во источна Турција измерени минус 34 степени Целзиусови