Повторно хаос во Тирана: Демонстрантите го нападнаа Парламентот, полицијата возврати со водени топови и солзавец
Учесниците на протестот на опозицијата во Тирана денеска повторно се обидоа да влезат во зградата на парламентот во Албанија, јави АП.
Демонстрантите, кои ги предводи Демократската партија на Љуљзим Баша, партија од десниот центар, користеле димни бомби и проектили, па се судрија со албанската полиција која ја чуваше зградата на парламентот додека тие се обидуваа да го пробијат кордонот.
Албанската опозиција ја обвинува владата на левичарската Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама за корупција и поврзаност со организираниот криминал, што власта го негира.
Од средината на февруари, приврзаниците на албанската опозиција кои ги предводи Демократската партија, во повеќе наврати се обидоа да продрат во зградата на албанскиот парламент и во седиштето на владата, но полицијата ги одвраќаше користејќи солзавец и водени топови.
Од владечаката партија на премиерот Еди Рама велат дека протестите на опозицијата го попречуваат напредокот на Албанија кон членството во Европската Унија.
Ново на Сител
-
Вреди станува партија, Касами се споменува за лидер
-
Судиите бараат промена на состојбата во правосудството преку реформи , а не со оставки
-
Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Маја Маркова избрани за врховни судии
-
Замрзнатите цени и маржи со половичен ефект, смета ССМ
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот