Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација
Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.
Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2. 000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.
Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.
Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.
Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3. 000 метри.
Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.
Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.
Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.
Ново на Сител
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги