Џет-Сет
8. September 2017 - 22:00

Повторна трансформација на Кристијан Бејл

Кристијан Бејл, кој изгуби 35 килограми за снимањето на филмот „Машинист“ и доби 15 килограми мускулна маса за улогата на Бетмен, уште еднаш целосно се трансформира.

Актерот ќе го игра поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни во филмот „Backseat“, поради што се здебели и ги бојоса веѓите.

Сценарист и режисер на филмот е Адам Мекеј, кој веќе работеше со Бејл на филмот „The Big Short“.