-->
-->
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-->
Министерството за образование и наука известува дека од денеска е отворена можноста за пријавување на студенти за сместување во студентски домови каде што се останати слободни места по завршувањето на првиот конкурс.
Како што наведува МОН, слободни места за сместување има во студентските домови: „Кочо Рацин“ во Битола, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Никола Карев“ во Охрид, „Oрде Чопела“ во Прилеп и во „Хилјадников“ во Штип.
-Сите заинтересирани студенти може да аплицираат најдоцна до крајот на тековниот месец. Критериумите и условите за аплицирање се идентични како и при првото пријавување, посочува МОН во објавата во која се наведени условите и начинот на пријавување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години