Повредените ученици пуштени дома, возачот задржан на лекување
Десет од учениците кои се превезуваа во автобусот кој утринава се судри со комбе на патот Демир Хисар - Кичево се полесно повредени, а потешко повреден е еден од возачите на автобусот.
Од Клиничката болница во Битола, каде се однесени повредените, информираат дека повредените ученици по укажаната лекарска помош се пуштени дома, а возачот, кој е потешко повреден, е задржан на лекување.
- Децата се испратени дома без некои потешки повреди. Еден од возачите е прегледан и без некои потешки повреди е пуштен дома, додека другиот е задржан на болничко лекување на Ортопедија. Има фрактура на карлицата и подлив на екстремитетите, вели Зоран Лазарев, директор на Клиничката болница во Битола.
Сообраќајната несреќа се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар - Кичево. Во автобусот се превезуваа 30-тина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар.
Ново на Сител
-
Јаневска: Задоволна сум што и годинава се полнат средните стручни училишта
-
Дебар и неколку населени места утре шест часа без струја
-
Електронски свидетелства од наредната учебна година
-
Гостиварчанец возел мопед со 2,14 промили алкохол во крвта и паднал на коловозот
-
Бекер по петти пат ќе стане татко
-
Монтела останува турски селектор до 2028
-
Аспиликуета го напушти Атлетико Мадрид
-
Последен Вимблдон за Квитова во кариерата