Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО
Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на почит кон загинатите во трагедијата пуштија 62 бели балони.
Од дворот на манастирот „Св. Василиј Велики“ на Пониква тие упатија порака и барање за простување што не успеале да им помогнат и да ги спасат од огнот.
- Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души. Денес не стоиме овде како жртви, туку како сведоци. Сведоци на една болка што не поминува, но и на една љубов што никогаш нема да згасне. За вас, нашите ангели – ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш, истакнаа во пораката повредените во „Пулс“.
Ново на Сител
-
Пожарите во Малешевијата ги десеткуваа пасиштата
-
Климатските промени ги намалија приносите на мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Гаши ги распиша изборите, првиот круг локални на 19 октомври
-
Истрага за полицаецот кој без налог сакаше да ја приведе директорката од Демир Хисар
-
Министерот за здравство и ги одзеде ингеренциите на Стоматолошката комора поради сериозни пропусти
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите