Повредени шест лица синоќа во Скопје
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и девет возачи кои за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, односно не го користеле сигурносниот појас.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 86 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајоткои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.
Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Фидани“ објект „Росица“ која се наоѓа на подрачјето на општина Чаир.
По повод Денот без автомобили и Европската недела на движење, Градот Скопје во соработка со Канцеларијата на ЕУ и Министерството за животна средина и просторно планирање денеска со почеток од 10.30 до 12:00 часот ќе организира велосипедско дефиле под наслов „Во град без мојот автомобил“. Велосипедското дефиле ќе се одвива по следната маршрута: Собирање на плоштад „Пела“ – поаѓање од ул. „11 Октомври“, десно по бул. „Кочо Рацин“, десно по ул. „Кирил и Методиј“, десно по бул. „Климент Охридски“, лево по бул. „Партизански одреди“, десно по ул. „Никола Парапунов“, десно по бул. „Илинден“ па се до Градски парк пред Школка.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, физичка регулација и нивно пропуштање низ крстосниците.
За време на одржување на дефилето сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, поради што од сообраќајната полиција апелираат до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите на УПС.
Ново на Сител
-
Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти
-
Путин се сретна со Додик во Москва
-
Предлог-измените на Законот за субвенциониран студентски оброк поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет
-
Додик: Ниту побарав, ниту добив руско државјанство
-
Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со учесниците на програмата „Конекција Оксфорд“
-
Отворена нова истрага против Марин Ле Пен - за закани кон судии
-
Заматена водата за пиење во Кавадарци
-
Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност