Македонија
7. April 2017 - 9:37

Повредени повеќе лица - Што се случувало синоќа во Скопје?

Девет лица се полесно повредени во седум од вкупно 11 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири е причинета материјална штета.
 
Сообраќајната полиција вчера санкционирала 78 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 80 непрописно паркирани возила.
 
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле 63 возила.