-->
-->
Повредени две лица во Скопје
-->
Две лица биле потешко повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две биле полесно повредени две лица, а во осум била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување, а еден е санкциониран за неправилно престројување.
Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол и 24 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и 13 возила со истечена важност на сообраќајната дозвола и две технички неисправни возила. Санкционирани биле и девет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 98 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 53 возила.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пратениците да се консултираат со уставни експерти пред да се носат измените за укинување на двојното државјанство
-

Предлогот за укинување на техничката влада помина на Собраниска комисија, Филипче со ултиматум до власта
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
