Повредени двајца полицајци при расчистување нелегална сеча на дрва во Доброште
Двајца полицајци биле полесно повредени откако автомобил што го управувало засега непознато лице не застанало на знакот од полицајците додека тие легитимирале три лица за нелегална сеча на дрва информираа од СВР Тетово.
Според полициските информации, вчера околу 17:00 часот по на патот кон тетовското село Доброште на место викано „Тумба“ полициски службеници од Полициската станица Рогачево ги затекнале лицата Б.Б.(48), Б.А.(37) и Р.Б.(46), сите од Доброште.
Тројцата биле со трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки и со импровизирана рамприколка натоварена со дабови огревни дрва без да поседуваат било каква документација за сеча и транспорт. Во тој момент поминало патничко возило што го управувало непознато лице и кое не застанало на даден знак за запирање.
Лицето со возилото продолжило со движење и удрило во двајца полициски службеници кои немаат потешки повреди. Потоа еден од полициските службеници испукал еден куршум во воздух за предупредување но возилото не застанало. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а тракторот со огревни дрва, моторна пила и скутер бил предаден на Шумската полиција. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции

