Македонија
15. March 2021 - 11:34

Повредени четири лица во верижен судир во Скопје

Непосредно пред почетокот на полицискиот час, вчеравечер во Скопје на ул. „Џон Кенеди“ се случила верижна сообраќајка помеѓу три возила и едно паркирано возило. Во несреќата повредени се четири лица.

- На 14.03.2021 во 21.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(67) од Скопје, патничко моторно возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(20) од Скопје, патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(29) од Скопје и паркирано патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Е.М.(47) од Скопје, соопштуваат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото “шкода фабиа“ С.Ч.(61), а со телесни повреди се здобиле Р.И., сопатникот од истото возило Б.Т.(21) од Скопје и В.Ч., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.