Повредена жена во пожар во тетовско Теарце
Излегувајќи набрзина од семејната куќа во тетовско Теарце поради пожар, 82 – годишна жена паднала и ја повредила ногата. Пожарот се случил рано утринава околу 5 часот.
-На пожарот во куќата во Теарце интервениравме со две возила и шест пожарникари. Од огнот има голема материјална штета. Сметаме дека со интервенцијата спречивме да се прошири пожарот на куќа залепена до објектот каде имаше пожар. Повредена е мајката на сопственикот на куќата, која беше однесена со Брза помош во Клиничката болница за укажување медицински третман, изјави Ука Алити, командир на Тетовската противпожарна единица.
Неколку часа претходно тетовската пожарна интервенирала на пожар во фабрички погон за производство на мебел во селото Непроштено.
– Огнот започнавме да го гасиме околу 19 часот и до 20 часот беше локализиран и изгаснат, за среќа без повредени, рече Алити.
На пожарот во Непроштено интервенирале седум пожарникари со три возила.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти