Повреден возач во сообраќајна несреќа во Куманово

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа која се случи петнаесетина минути по полноќ помеѓу два автомобили, на крстосницата на булеварот „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и „Ѓорче Петров“ во Куманово, соопшти денеска полицијата.
- Денеска година околу 00.17 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од булевар „Октомвриска револуција“, „Иво Лола Рибар“ и Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Н.Т.(22) од село Никуљане, Општина Старо Нагоричане и патничко моторно возило „поло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.К.(48)од Куманово. Во незгодата со повреди се здобил возачот Д.К. и бил префрлен на клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти СВР Куманово.
И Tериторијалната противпожарна единица интервенирала на сообраќајката, од каде наведуваат дека ја отворале вратата на еден од автомобилите.
Екипа СВР Куманово извршила увид.
МИА
Ново на Сител
-

Почна метеоролошката зима, календарската доаѓа за дваесет дена
-

Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии
-

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан
-

За 12 часа регистрирани над 65.000 сообраќајни прекршоци
-

Лишено од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник
-

Милевски повеќе не е селектор на македонската репрезентација
-

Нормализиран сообраќајот на ГП Дојран
-

За еден денар поевтинуваат дизел горивата
