Повреден пожарникар кој гаснел пожар во Сењак
Изгоре кровна конструкција и тавански дел на куќа во штипската населба Сењак. Штипските пожарникари се уште се на терен и го догаснуваат огнот. Заменик командирот на ТППЕ-Штип, Богданчо Зарков вели дека дојавата за пожарот била околу 15 часот.
- Интервениравме со четири возила и 12 пожарникари, а имаше и допун на вода. Гледаме дека се уште се гасне пожарот? Да моментално го догасуваме кровот, со тоа што нема човеќки жртви, но има материјална штета, којашто е малку поголема. Човечките ресурси се во ред, нема повредени, вели Зарков.
Пристигна и брза помош на лице место, бидејќи при гаснењето на пожарот се повредил пожарникар, но како што вели Зарков пожарникарот е со полесни повреди, по што тимот на брзата помош си замина. Како настанал пожарот ќе се утврди по извршениот увид од страна на полицијата, која беше на лице место.
- Првичните информации се уште ги немаме, тоа ќе го кажат надлежните за таа работа, вели Зарков.
Штипските пожарники во рок од два дена интервенираа на два поголеми пожара, пред два дена имаа интервенција на штала во село Лакавица, а во опасност била и куќа.
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила