Повреден пожарникар, десетина интервенции за 12 часа во тетовско
Еден пожарникар е полесно повреден со изгореница на рака во текот на вчерашните зголемен број на интервенции на тетовската пожарна. Во десетината интервенции тетовските пожарникари гаснеа пожари во семејни куќи, оџаци и запалени контејнери.
– Во текот на вчерашниот ден и ноќеска имавме многу повици за интервенции при што полесно е повреден еден пожарникар со изгореница на рака. По санирање во болница е пуштен на домашно лекување. Во текот на денот сме интервенирале на три запалени оџаци на три локации во градот Тетово. Ноќеска повеќе работа имаше во околните населени места. Прво оџак во Милетино, како и објект во селото Ларце во Општина Желино, изјави командантот на тетовската пожарна Ука Алити.
Во текот на ноќта пожарникарите гаснеле намерно запалени контејнери во близина на тетовската болница.
– Апелираме повторно да се проверуваат и чистат оџаците затоа што во зимскиот период најчесто таму се јавува пожари. Исто така повторно апелираме да не се палат намерно контејнерите затоа што важни ни се ресурсите за поголеми пожари во кои загрозени се и човечки животи, вели командантот Ука Алити.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат