Повреден мотоциклист и неговиот сопатник во Кочани
Синоќа после полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило управувано од 21 годишник од Кочани и моторцикл управуван од малолетник од Кочани.
На 28.11.2021 во 00:10 часот од Итна медицинска помош Кочани е пријавено дека на пат во изградба во близина на место викано ,,Подлошка крстосница“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило ,,бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(21) од Кочани и мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од 14- годишен малолетник од Кочани. Во незгодата со повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот 17 годишен сопатник од с.Горни Подлог, кои по укажаната лекарска помош во здравствена установа Кочани се префрлени во Клинички центар Штип. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Кочани.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
