Македонија
3. February 2020 - 20:27

Повреден малолетник во тепачка меѓу две групи

Малолетникот У. Д. (17) попладнево е повреден во тепачка меѓу две групи. Тој се здобил со убодна рана и со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар при Комплексот килиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Како што соопшти МВР,  инцидентот се случил денеска во 17:00 часот на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје.