Повеќето општини во Косово ќе добијат градоначалник по вториот круг
Во повеќето косовски општини ќе мора да се одржи втор круг, откако ниту една партија не успеа да доминира во првиот круг локални избори кој се одржа вчера. Изборите се сметаа за прв тест за новата Влада предводена од Рамуш Харадинај.
Во трката за Приштина, градоначалникот Шпенд Ахмети, кој доаѓа од партијата Самоопределување, не успеа да победи во првиот круг откако се соочи со силен предизвикувач од Демократската лига на Косово (ЛДК), Арбан Абраши. Ахмети освои 44 проценти од гласовите, недоволно за победа уште во првиот круг, а Абраши има 35,7 проценти.
Самоопределување има кандидати во вториот круг и во Призрен и Гњилане, каде повторно ќе има соочување меѓу Самоопределување и ЛДК. Трите владејачките партии од таканаречената „воена коалиција“ имаат кандидати во вториот круг во Призрен, Пеќ, Митровица и Ѓаковица.
Српската Листа очекувано доминираше во мнозински српските општини, во северна Митровица, Лепосавиќ, Звечане, Зубин Поток, Граѓаница.
Поранешниот премиер Иса Мустафа од ЛДК, партија која беше изоставена од формирањето на новата Влада, изрази надеж дека ЛДК ќе успее да освои половина од општините со албанско мнозинство во Косово. И од Демократската партија на Косово на Кадри Весели, која е клучен дел од „воената коалиција“, составена од партии предводени од команданти во војата во 1999 година, велат дека победиле на изборите.
Одзивот на изборите остана низок, како и на претходните парламентарни избори, со околу 43,7 проценти. Пред изборите, двајца активисти на српски партии беа притворени, а на денот на изборите косовската полиција запре камион во кој имало експлозив и неколку гранати додека влегувал од Србија во Косово. Три лица беа уапсени.
Ново на Сител
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште
-
Кривична пријава за тројца полициски службеници за „несовесно работење во службата”
-
Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија
-
Ѓурчески: Се сомневам дека Данка е киднапирана, детално чешлање на сите криминалци во тој регион