Повеќето избирачи во САД оценуваат дека медиумите се пристрасни кон Трамп
Повеќето избирачи во САД оценуваат дека локалните медиуми се пристрасни кон републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, покажуваат податоците на истражувањето за јавни мислење кое беше објавени вчера.
Педесет и шест проценти од анкетираните посочуваат дека медиумите се однесуваат негативно кон милијардерот.
Само пет проценти наведуваат дека новинарите го поддржуваат Трамп и го претставуваат во добро светло.
Според 37 отсто од анкетираните, американските медиуми известуваат балансирано за предизборната кампања.
Осумдесет и седум проценти од републиканците дадоа мислење дека новинарите водат негативна кампања за нивниот кандидат.
Трисет отсто од приврзаниците на кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон, оценуваат дека мадиумите се однесуваат пристрасно кон Трамп.
Шеесет проценти од демократите не гледаат пристрасност кон ниту еден од двајцата кандидати.
Истражувањето покажува, дека 51 процент од анкетираните сметаат оти медиумите ја поддржуваат Клинтон, додека осум проценти го наведуваат спротивното,
Шеесет и седум проценти од приврзаниците на Клинтон велат дека известувањето за предизборната кампања е балансирано, додека 87 проценти од приврзаниците на Трамп истакнуваат дека медиумите ја поддржуваат неговата ривалка.
Анкетата е спроведена електронски, во период од 20 до 24 октовмри, на 1.546 полнолетни лица, вклучителни и 1.212 веројатни гласачи.
Истото истражување покажува дека само 35 проценти од приврзанците на Трамп веројатно ќе ги прифатат резултатите од гласањето, ако Клинтон ја извојува победата, додека 64 проценти велат дека ќе има сериозни сомненија за веродостојноста на гласањето, ако кандидатот на републиканците не ја добие победата.
Ако Трамп ја победи, 61 проценти од демократите ќе ги прифатат резултатите.
Само 30 проценти од приврзанците на Клинтон неволно ќе ги прифатат резултатите, доколку поранешниот државен секретар на САД загуби.
Вкупно 77 проценти од веројатните гласачи велат дека ќе ги прифатат резултатите како легитимни ако победи Трамп, додека 70 проценти го наведуваат истото како победник биди Клинтон.
Ново на Сител
-
БиХ: Дете пронајдено живо под плоча тешка два тона
-
Тепачка во дискотека во Штип - Осум луѓе побарале здравствена помош
-
Крушево: Жена возејќи „ауди“ удри во паркирано возило
-
Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор
-
Кавадарчанка пријавила напад врз малолетниот син во угостителски објект со стаклени и други предмети
-
Во израелски напад врз џамија и училиште во Газа загинаа 24 лица, а 93 се ранети
-
Петнаесетгодишно момче избодено 50 пати со нож и живо запалено во Марсеј
-
Во прекин сообраќајот на патот Ресен – Охрид, кај планинскиот премин Буково