Повеќе скопски населби и села утре без струја
Корисниците лоцирани на улиците „Живко Чинго“ и „Радњанска“ во општина Аеродром, утре од 8 до 13:30 часот ќе бидат без струја.
Од 10:30 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од селото Мирковци, а од 8:30 до 15 часот корисниците од улиците 58, 72 и 80 во село Волково.
Во временскиот период од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од зградите „112“ и „116“ на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Дел од корисниците од скопското село Грчец ќе бидат без електрична енергија од 9 до 15 часот, а од 12 до 15 часот дел од корисниците од село Бојане. Од 9:30 до 10:30 часот без струја ќе се и корисниците од селата Раовиќ, Арнакија, Паничари, Семениште, Буковиќ и Ласкарци во општина Сарај.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.
Ново на Сител
-
Пазарна казни 5 големи ланци на маркети
-
6 пријави за врсничко насилство годинава – Ќе воведат ли властите институционална соработка за справување со оваа појава?
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарот изгасен, обид за кражба во зградата
-
29 години од атентатот врз Kиро Глигоров
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Новото раководство на ЕСМ обвинува за хаос во РЕК Битола
-
Тројца загинати во директен судар