Повеќе патници во меѓународниот патнички превоз, помалку во градскиот

За 5,9 проценти е намален вкупниот број на превезени патници во патниот патнички превоз во четвртиот квартал лани во однос на истиот квартал од 2016 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според видот на превозот, за 8,8 проценти е намален бројот на превезени патници во градскиот превоз, а за 3,1 процент приградскиот, додека за 2,6 проценти е зголемен меѓуградскиот, а за 9,5 проценти меѓународниот превоз.
Статистичките подато покажуват дека во четвртиот квартал споредено со третиот кварталвкупниот број на превезени патници е зголемен за 22,4 проценти.
Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е зголемен за 27,2 процента, во приградскиот превоз за 25,9 проценти, во меѓуградскиот превоз е намален за 6,1 проценти, додека во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,2 процента.
Во четвртото тримесечје од 2017 година, во однос на истиот период од 2016 година, вкупниот број на патничките километри во патниот патнички превоз е зголемен за 4,4 процент.
Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 16,2 процента, во меѓуградскиот превоз за 4,5 проценти, а во приградскиот превоз е зголемен за 13,6 проценти, додека во меѓународниот превоз зголемувањето е 28 проценти. Во однос на третото тримесечје од 2017 година, вкупниот број на патничките километри е намален за три проценти. За 17,9 проценти е зголемен бројот на патничките километри во градскиот превоз, за 24 проценти во приградскиот превоз, за 7,5 проценти е намален во меѓуградскиот превоз, а во меѓународниот превоз намалувањето е за 23,9 проценти.
Ново на Сител
-

Уставните судии имаат три опции за линеарното зголемување на пензиите, вели Мицкоски
-

УЈП прави напори парите од МојДДВ да се исплатат до крајот на неделава
-

Родителите трошат годишно во просек од 160 000-200 000 денари за да одгледаат дете
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Мицкоски: Силна поддршка за Сејф Сити
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе има безбеден сообраќај
-

Николоски: Интензивно работиме на изградба на патиштата
