Повеќе од сто општини веќе немаат вода за пиење, предупредува министерот за еколошка транзиција на Франција
– Повеќе од сто општини во Франција денеска веќе немаат вода за пиење, изјави францускиот министер за еколошка транзиција Кристоф Бечу, јави дописникот на МИА.
– Во овие општини, прецизира министерот, „има снабдување со камиони со вода за пиење бидејќи веќе нема ништо во цевките, рече Бечу за време на посетата на поморските Алпи, кој ситуацијата како „историска“.
– Зборовите на премиерката Елизабет Борн се многу јасни: историска суша, нагласи министерот, при патувањето во Румулес, во срцето на една плантажа со лаванда. Изутринава, премиерката Елизабет Борн ја активираше меѓуресорската единица за кризи, која треба да се состане во текот на денот, соочена со „историската ситуација низ која минуваат многу територии“, објави Матињон.
Кристоф Бечу, териториите кои се соочуваат со „продолжен дефицит на вода“, ги замоли да ја „предвидат“ состојбата. – Тешкотијата на логистика и транспорт не е иста според општините, подвлече министерот, појаснувајќи дека тоа е во зависност од тоа дали е планинска општина, голема или мала агломерација.
По планатажата со лаванда во Румулес, Кристијан Бечу мора да оди, придружуван од министерот за земјоделство Марк Фесно, по водниот тек Клостр, каде што ќе разговара за прашањата за сушата и биолошката разновидност.
Ново на Сител
-
Потпишување договори за проекти за канализациона мрежа, водовод и програма за води со општините
-
Владата ќе откупи 9000 тони пченица од индивидуалните земјоделци за стоковите разерви
-
Во Струмица доделени 21 стан на семејства во социјален ризик
-
Се празнат училиштата
-
Преглед на вестите од светот
-
Граѓанските здруженија ќе прераснат во политички партии за да можат да учестуваат на локалните избори
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика, демографија и млади
-
Пет активни пожари беснеат низ Македонија, други два се под контрола