Повеќе од илјада палестински затвореници започнаа штрајк со глад
Повеќе од илјада Палестинци, кои се наоѓаат во израелски затвори, започнаа денеска штрајк со глад, каков што немало долги години. Штрајкот започнал по повик на доживотно осудениот на затвор лидер на втората интифада (востание) Марван Баргути.
- Околу 1.300 палестински затвореници ќе штрајкуваат со глад и нивниот број веројатно ќе се зголеми во следните часови, изјави Иса Караки, висок претставник на палестинските власти.
Според портпаролот на невладината организација Клуб на палестинските затвореници, Амани Саранех, околу 1.500 затвореници одбиваат да јадат во знак на протест поради условите во затворите.
Портпаролот на израелската затворска управа, Асаф Лабрати истакна дека 700 лица најавиле вчера дека планираат да започнат штрајк со глад.
Во израелските затвори отслужуваат казна над 6.500 Палестинци, меѓу кои 62 жени и 300 малолетни момчиња и девојчиња.
Ново на Сител
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска