-->
-->
Повеќе од 8,5 милиони лица во светот заразени со коронавирус, најмногу во САД и Бразил
-->
Повеќе од 8,5 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, од кои повеќе од 3,2 милиони се само во САД и Бразил, покажувата најновите податоци на сервисот „Worldmeters“.
Според веб страницата, над 4,5 милиони лица се веќе излекувани од коронавирусот.
До сега во светот се заразени вкупно 8.585.119 лица, а умреле 456.439.
Најлоша е состојбата во САД, каде се заразени над 2,2 милиона граѓани, а Бразил се приближува до еден милион, со досега 983.359 потврдени случаи на коронавирус.
Овие две земји, исто така, се први според бројот на жртви. Во САД досега има 120.688 смртни случаи и 47.869 во Бразил. Обединетото Кралство има точно 42.278 жртви на Ковид-19.
Во Русија има заразено повеќе од половина милион, поточно 561.091, а жртвите изнесуваат 7.660. Индија и Велика Британија имаат повеќе од 300.000 заразени. Во Шпанија, пак, има 292.348 заразени , а потоа следат Перу, Италија и Чиле, кои имаат над 200.000 случаи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МАЕИ дел од изборната коалиција предводена од ДП на Бериша
-
Кривична за директор на основно училиште во Делчево
-
48-годишен мотоциклист загина во сообраќајка во близина на „Негорски бањи“
-
На полицаец во Крушево му го украле пиштолот
-
Топ-10 листа најплатени глумци за 2024 година
-
Му се слошило додека работел, 31 годишен Косовец почина во Гостивар
-
Средба на премиерот Мицкоски со неговиот унгарски колега Орбан
-
Во тешка состојба пронајдена двегодишната Дуња откако исчезна од пред семејната куќа во Уб