Повеќе од 60 проценти од позитивните на Ковид-19 минатата недела не знаат како зе заразиле

Според извештајот на Институтот за јавно здравје минатата недела од 12 до 18 октомври 2020г., регистрирани се 2.676 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување за 19,3 проценти во однос на претходната седмица. Направени се 13.213 тестирања, а 20,3 отсто е процентот на позитивни од тестирани. Најзастапена е возрасната група од 30 до 39 години. Најголем број од новоинфицираните се од Скопје.
Карактеристично е дека од епидемиолошки истражените случаи само 470 (или 35,9%) кажале дека имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 26 лица кои патувале во странство во последни 14 дена, а останатите повеќе од 60 проценти не знаеле како се заразиле.
Истиот период пријавени се 49 починати лица од компликации од вирусот што е за 58 отсто повеќе од неделата претходно.
35 лица од починатите имале претходни хронични заболувања.
Александар Динев
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
