Повеќе од 40 загинати во поплави и свлечишта во Мексико
Најмалку 41 лице загина, а 27 се водат како исчезнати по силните бури во Мексико кои предизвикаа голема материјална штета, соопштија локалните власти.
Околу 10.000 војници биле распоредени со чамци, хеликоптери и багери за расчистување на патиштата, спасување на заробените жители и доставување храна до погодените заедници. Многу села се уште се отсечени, а спасувачките екипи сè уште се борат да стигнат до нив.
Метеоролозите предупредуваат дека се очекуваат нови врнежи. Бидејќи почвата веќе е заситена со вода, расте ризикот од дополнителни свлечишта.
Најпогодени се источните и централните сојузни држави Веракруз, Идалго, Пуебла, Керетаро и Сан Луис Потоси. Десетици илјади домови, амбуланти, училишта, патишта и мостови се оштетени.
Најмногу жртви досега се пријавени во Веракруз и Идалго, а смртни случаи се потврдени и во Пуебла и Керетаро. Сан Луис Потоси претрпел големи материјални штети, но без човечки жртви.
Мексико се наоѓа при крајот на својата годишна сезона на дождови, која трае околу шест месеци и обично завршува на почетокот на ноември.
МИА
Ново на Сител
-
Родителите на загинатите во Пулс: Почивај во мир, Панчо, пренеси им поздрав и порака на нашите ангели
-
Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка
-
Кумановец измамен за над еден милион денари при купување градежни машини
-
Приведен гостиварец кој управувал возило под дејство на алкохол и предивикал сообраќајна незгода
-
Во септември за 93 лица кривични за дела поврзани со недозволена трговија со дрога, запленети над 38 кг марихуана
-
83-годишник од струмичко со мотоцикл паднал на коловозот и тешко се повредил
-
Железничката станица нема да биде турбофолк-хаб и рекламно пано, Ивановски најави реконструкција
-
19-годишник од Скопје во период од 18 дена украл велосипеди и електрични тротинети во вредност од 170.000 денари