Балкан
15. March 2017 - 12:21

Повеќе од 32 илјади граѓани на Косово вратени од европските земји

Повеќе од 32 илјади граѓани на Косово се вратени од западноевропските земји назад во Косово во изминатите повеќе од две години. 

Косовското Министерство за внатрешни работи потврди дека во текот на 2015 година во Косово се вратени 18 илјади граѓани, а во 2016 година се вратиле 13 илјади, а трендот за враќање на граѓани на Косово од европските земји продолжува и оваа година. 

Во првите два месеци од оваа година на Косово се вратени 1.200 лица, а повеќето се вратени од Германија, Швајцарија, Шведска, Франција и Австрија.