ОН: Повеќе од 160 мигранти се удавија во Средоземно Море во близина на Либија минатата недела
Повеќе од 160 мигранти се удавија во близина на либискиот брег минатата недела, обидувајќи се да стигнат до Европа преку Средоземно Море, соопштија Обединетите нации.
Најмалку 102 мигранти се удавија откако се преврте дрвен чамец, а осуммина беа спасени и вратени на брегот, изјави денеска Сада Мсехли, портпарол на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Три дена подоцна, најмалку 62 мигранта настрадаа во одделен инцидент.
Оваа година во Медитеранот се удавија околу 1.500 луѓе, а околу 31.500 беа пресретнати и вратени на брегот.
Либија е главната транзитна точка за сите кои од Африка сакаат да стигнат до Европа.
Трговците со луѓе превезуваат мигранти во преполни и лоши чамци, гумени или дрвени, кои често се превртуваат во Средоземното Море.
Мигрантите кои се враќаат на брегот се испраќаат во центри за притвор каде што се малтретирани, тепани, силувани, изгладнувани и принудени да работат.
ИОМ, агенција на ОН, соопшти дека насилството во либиските притворни центри може да се опише како злосторство против човештвото.
Ново на Сител
-
Хоспитализираниот тренер на Унгарија е во добра состојба, откако му се слоши на мечот со Холандија
-
Руската опозиција во Берлин ги организира првите антивоени демонстрации во странство
-
Мицкоски:Изразена волја од двете страни за доближување на ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем
-
Почна шестчасовен протест во Нови Сад за трагедијата на железничката станица
-
Медведев: Америка нема корист од мирот во Украина
-
Приведен крадец на електричен тротинет во Скопје, одземеното е вратено на сопственикот
-
Костадиновски: 33 години од донесување на првиот Устав, овој ден нека е потсетник на обврската да се сочува системот на вредности
-
Двајца жители на Чашка приведени од полицијата поради напад врз полициски службеници