-->
-->
Повеќе мигранти во баварската полицијата
-->

Министерството за внатрешни работи на Баварија започна кампања за да ги охрабри бегалците да станат дел од полициските сили без разлика дали имаат германски пасоши.
Министерот за внатрешни работи на германската покраина, Јоаким Херман, за локалните медиуми вели дека целта на акцијата за вработување на бегалците во полицијата е да се зголеми процентот на решени криминални случаи.
„Искуството на полицијата вели дека полицајците кои што имаат директна комуникација со мигрантите односно го говорат нивниот јазик подобро го разбираат нивниот менталитет а тоа ја зголемува можноста на полицијата да го намали конфликтот“, вели Херман.
Причината за ангажирање мигранти во полицијата се лошите резултати од истрагата во која беа убиени неколку мигратни од страна на „Национал социјалистичкото подземје“, (НСУ) неонацистичка терористичка келија. Во истрагата според Херман полицијата не знаела како најдобро да се однсеува со семејствата на жртвите.
„Сфативме дека немад а биде лоша идеја ао имаме со нас повеќе странски колеги. Тоа е нешто што го планираме долго време“, изјавил Херман на Минхенер Меркур.
Во Баварската полиција во последните 23 години се вработени 159 службеници без германски пасош кои што говорат 19 јазици а најголем дел од нив се Турци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
-

Детскиот музички фестивал „Тра ла ла“ на 6 ноември ќе се одржи по 26-ти пат во Битола
-

АЛТА банка АД Битoла е ликвидна и продолжува со стабилно и непpечено работење
