Повеќе измени и дополнувања на закони од областа на безбедноста на собраниска комисија
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за одбрана и безбедност на која на дневен ред се повеќе измени и дополнувања на закони од областа на безбедноста.
Пратениците ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за следење на комуникациите, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, измените на Законот за оружјето, на Законот за приватно обезбедување, на Законот за полиција, на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. На дневен ред се и измените на Законот за гранична контрола, измените и дополнувањата на Законот за странци, на Законот за прометот на експлозивни материи, измените на Законот за заштита од експлозивни материи, на Законот за државјанството на Република Македонија, на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, како и на Законот за детективска дејност, сите во прво читање.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот