Повеќе делови од Скопје утре без електрична енергија
Делови од Скопје во текот на утрешниот ден ќе бидат без електрична енергија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известување од ЕВН Македонија АД.
Во период од 08.30 до 13.00 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу и над црквата „Свети Спас“ во Општина Сопиште, во период од 09.00 до 13.00 часот корисниците лоцирани на потегот од стариот каменолом до раскрсница со ул. „Христо Татарчев“ бр.24 во населба Теферич, Општина Карпош.
Утре од 09.00 до 14.00 часот без струја ќе останат и дел од корисниците од улиците „Жванска“ и „Наум Охридски“, ул. „Боро Камчески“ бр.2, 4, 6 и 8, како и корисниците од ул.„Томе Арсовски“ бр.24, 26, 28, 30 и 32, во Општина Центар.
Од РЦУК информираат дека 09.30 до 14.30 часот ќе има прекин на електричната енергија и на ул. 2 во Сарај, а од 10.00 до 12.00 часот на ул.„Киро Крстевски Платник“ бр. 4 во Општина Центар.
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
