Поведена постапка за три лица од Струга за непочитување на здравствените мерки
Основното јавното обвинителставо од Струга поведе постапка за три лица и побара од Судот да им изрече парична казна од по 100 дневни глоби, со предлог дневните глоби за секој од нив да бидат по 30 евра.
Обвинетите, во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Двајца од нив не ги почитувале мерките и одлуките за забрана на движење на населението, па за време на полицискиот час на 5 и 7 јуни 2020 година, без дозвола, пеш се движеле низ околината на градот.
Еден од обвинетите не постапил согласно донесено Решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат со кое му била определена задолжителна самоизолација. При проверка од надлежни лица, на 4 јуни 2020 година тој не бил затекнат во својот дом.
Основното јавно обвинителство Струга со предлозите за издавање казнени налози побара од Судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со предлог да ја определи висината на дневните глоби за секој од нив на по 30 евра во денарска противвредност.
Ново на Сител
-
Канада испраќа во Украина дронови, муниција и оклопни возила вредни милијарда канадски долари
-
Приведен 43-годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“
-
ФФМ го осуди инцидентот на натпреварот Брегалница – Шкупи: Нема компромис со насилството
-
Димитриеска-Кочоска во Загреб на потпишување Меморандум, Македонија се вклучува во иницијатива за унапредување на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа
-
Пропадна уште еден обид за конституирање на Собранието на Косово
-
Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата
-
Приведен 29-годишник, возел со 171 километри на час на место каде е дозволено 100
-
Приведен 36-годишник, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога