Поведена постапка за четворица малолетници кои претепале момче и му го одзеле телефонот
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема четири децаво судир со законот на возраст меѓу 15 и 17 години, за кои постои сомнение дека извршиле дејствија предвидени како кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Сите четворица, на 12 февруари, во близина на детско игралиште во населбата Нерези, со употреба на сила одзеле мобилен телефон од дете родено 2007 година. Оштетениот го пресретнале кај игралиштето и го нападнале, удирајќи го со раце и нозе по главата и телото, нанесувајќи му повреди во вид на нагмечување на главата од кои оштетеното дете изгубило свест. Потоа му го одзеле телефонот од џебот на јакната и избегале. За овие четири деца во судир со законот, кои се повторници во вршење и на други кривични дела, по предлог на јавниот обвинител, Судот определи мерка притвор, оценувајќи дека се исполнети законските основи.
-Со оглед на чувствителноста на постапките во кои како сторители и оштетени се јавуваат малолетни лица и неопходноста од целосна заштита на нивниот идентитет во текот на постапките, Јавното обвинителство апелира до медиумите и до општата јавност за избегнување сензационализми и поголема одговорност при известувањето, коментирањето и споделувањето на содржини и информации кои се однесуваат на кривични дела сторени од деца, велат од ОЈО.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите