Поведена постапка против лице за семејно насилство врз неговата сопруга
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно, затоа што во тек е бракоразводна постапка, соопштуваат од Јавното обвинителство.
– Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот. Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука, се наведува во соопштението.
Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, од ЈО наведуваат дека јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските услови и поднесол предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.
Ново на Сител
-
Репортажа за Македонската Дијаспора во Пиемонте - Италија
-
Партиите не прекинуваат со обвинувања - кој е виновен за кризата и голготата на онколошките пациенти
-
Камбовски: Собранието не може да разреши член на Судски совет
-
Поради маглата откажани летови на Скопскиот аеродром
-
И КСОМ ќе бара минималецот да порасне повеќе од законски предвидените 1.800 денари
-
Синдикално заробеништво
-
СДСМ против најавите на Касами за менување на имињата на улиците и бришење на НОБ
-
Сточна храна по повисока цена - Чија е вината?