Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.
-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Вања е киднапирана и убиена, тврдел таткото
-
Голема полициска акција во струмичко
-
Владата не поддржува пандан на МАНУ, Вреди не доби поддршка ниту од опозицијата
-
По Берлин Мицкоски поголем оптимист за ЕУ интеграцијата, има дилема дали да испраќа писмо во Брисел
-
ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ 27,2% - СДСМ 9,6%
-
ДКСК бара комплетно нов или ревидирање на постојниот Изборен законик
-
Филков: Пензија на 67 години за судиите и обвинителите за поефикасно судство
-
17 години без Тоше