Поведена постапка и предложен притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир
По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи против три лица во врска со оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, Основното јавно обвинителство Скопје за нив поведе постапка за кривично дело „учество во тепачка“ од член 132 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, за двајца од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот.
-За уште едно лице, четврти учесник во инцидентот, за кое постојат првични сознанија дека со акт на оружено насилство предизвикал тешка телесна повреда – прострелна рана кај оштетениот, во тек е постапка за прибирање докази. Тој осомничен во моментот е на издржување затворска казна за друго дело во КПУ „Идризово“, се наведува во соопштението од Обвинителството.
Ново на Сител
-
Сообраќајка на автопатот Скопје-Велес, блокирани двете сообраќајни ленти
-
Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник
-
Палевски ангажира втор бранител на судењето за убиството на Вања и Панче
-
Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата, судењето продолжува на 18 октомври
-
Во БИХ пронајдено телото на последната жртва по која се трагаше по поплавите
-
Претрес во Кичево, приведен лихвар
-
Мицкоски поголем оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес
-
Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите, етнички и национали теми не се мој приоритет