Поведена истрага против дилер на марихуана од Скопје, побарана мерка притвор
Скопското обвинителство поведе истражна постапка против 43-годишен маж од Чаир за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
На 23 јуни, на крстосница на булеварот „Србија“, меѓу наслебите Аеродром и Ново Лисиче, осомничениот во својот автомобил неовластено држел марихуана. Договорил продажба на дрогата за сума од 2.400 евра на непознат купувач од Драчево, па со автомобилот се упатил да му ја однесе, кога бил запрен од полициски службеници.
Потоа, бил извршен претрес и на неговиот дом во Чаир, каде било пронајдено дополнително количество дрога и дигитална вага со остатоци од марихуана. Вкупно, од автомобилот и домот на осомничениот биле запленети 2.803,53 грама марихуана во повеќе пакувања, наменета за илегална продажба.
До судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место