Балкан
13. December 2017 - 14:53

Потврдени казните за брутално злосторство: Мајка и син добија 21 година затвор за убиството на нејзиниот љубовник

 

Врховниот суд на Република Српска ја потврди пресудата на Окружниот суд во Бијељина со која Рада Тодоровиќ (43) и нејзиниот син Младен Тодоровиќ (26) се осудени на вкупно 21 ипол години затвор поради убиство на нејзиниот љубовник Драгољуб Видовиќ (58), во 2014 година.

Рада, која го призна убиството е осудена на 15 години затвор, додека нејзиниот син младен со прекар Аркан, доби шест ипол години затвор заради помагање во злосторството.

-Донесена е пресуда на Врховниот суд на РС со која како неосновани се одбиени жалбите и потврдена е пресудата на Окружниот суд во Бијељина, потврдија од судот.

Во претходната пресуда се наведува дека Видовиќ е убиен на крајно брутален начин, а мајката и синот се обиделе да го забошотат случајот, скривајќи го неговото тело во песокара. Според наводите од обвинението, Рада злосторството детално го испланирала, а во скривањето на телото и помагал синот.