Потврдена шуга кај еден ученик, а тројца се во изолација во основно училиште во Романовце

Еден потврден случај на шуга, а тројца ученици се сомнителни и се во изолација во основното училиштето „Кирил и Методиј“ во кумановското село Романовце, соопштија денеска надлежните од училиштето.
Денеска, на терен беа присутни и екипи од Центарот за јавно здравје кои извршија увид. Семејството на едниот ученик доставило потврда од лекар до училиштето. Во изолација е и сестрата на првоодделенецот. Останатите два случаи се сомнителни, директорот усно бил информиран и двата ученика се во изолација. Училиштето презело повеќе мерки меѓу кои и дезинфекција.
- Само за еден случај имаме потврда дека има, а за другите ученици имаме усна информација. Тие деца седат дома. Едната е сестра на ученикот за кој имаме потврда. Тој ученик што е излолиран не доаѓа од петокот, и заедно со семејството се во изолација до 22 февруари. Едната ученичка (трето одделение) е сестра на тој ученик (прво одделение) со потврда е тој изолиран, целата фамилија се во изолација. За останатите само вака усно знаеме дека има нешто, меѓутоа немаме официјална потврда, изјави директорот на „Кирил и Методиј“, Скендер Рушити.
Сите училници и простории се исчистени и дезинфицирани за време на викендот. Денеска епидемиолошката служба достави и дополнителни средства за дезинфекција. Од Центарот за јавно здравје најавија повеќе детали по завршување на увидот.
- Преземавме мерки дезинфекција на училиштето, исчистено е, сите простории се дезинфицирани. Денеска дојде и докторка епидемиолог, разговараме како понатаму да се постапи, кои се советите. Наставата продолжува со нормален тек. Наставничката по биологија одржа час за инфективни болести, децата ги запознаеме со појава на оваа болест. Ние, наставниците редовно си доаѓаат и учениците редовно, изјави Рушити.
Шугата е заразна болест која бргу се шири, децата често заболуваат преку блиски контакти, а најчесто болеста се шири во целото семејство. Иако, се смета за болест од минатото сепак, се појавува повремено со по неколку случаи на годишно ниво.
Ново на Сител
-

Муцунски: Една од иицијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство
-

ОЈО: Скопјанец осомничен за предизвикување опасност за животот на италијански државјанин
-

Владика кој твита, слика и учи за животот - Дали верата ја ограничува слободата? | Европски Митрополит Пимен | Sitel Podcast 126
-

Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
-

Намален бројот на превезени патници и поминати километри во автобускиот патен превоз
-

Вкупно 11 лица во постапка за поткуп и злоупотреби поврзани со даночното работење на кочанскиот клуб “Пулс”
-

Приведен 47-годишник од делчевско управувал возило под дејство на алкохол и излетал од патот
-

Пазарниот инспекторат откри поголема количина шверцувани производи од тутун
