-->
-->
Потврдена одлуката за ослободување на Томор Морина
-->

Поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина е ослободен од затвор. Веста за Клан Косово ја потврди синот на вујкото на поранешниот војник на УЧК, Гуракуќ Добруна.
Тој рече дека решението за негово ослободување е донесено, но не е познато кога ќе биде ослободен.
– Одлуката за негово ослободување е донесена денес, кога тој ќе биде ослободен од затвор што сè уште не знаеме, затоа што решението треба да биде испратено до затворот каде престојува Томор, рече Добруна.
Тој додаде дека ослободувањето на Томор Морина би можело да се случи следниот ден или во текот на следните два или три дена.
– Според адвокатот, ова може да се случи следниот ден или наредните 2-3 дена.
Поранешниот војник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина, беше уапсен на 24 јули на граничниот премин Блаце.Тој беше задржан повеќе од две недели во затворот Шутка, врз основа на потерницата на Интерпол издадена од Србија.
Морина се обвинува за воени злосторства во текот на 98-99 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба