Потресно сведоштво на Кухар за „Меѓународен сојуз"
На првообвинетиот во „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски, му дадов вкупно 250 илјади евра од продажба на три стана кои ги поседував за наводните проекти кои ги нудеше, и сега сум на улица.
Ова е дел од емотивното сведоштво на Јованка Кухар, која по барање на обвинителството дава исказ за случајот.
Рече дека иако била назначена за проектменаџер во невладината и потпишувала договори со бизнисмените Мицевски и Амзоски, Јовановски не дозволувал да ги читаат.
- Бојан, ти не дозволуваше да ги читаме договорите, бев принудувана да ги потпишувам со ветување дека треба да ти верувам, изјави Кухар во судницата.
Атмосферата се вжешти откако таа кажа дека додека траело судењето за „Рекет“, и се јавил сопругот на обвинетата Христина Блажевска и побарал таа да потпише празен лист. На ова бурно реагираше Блажевска која стана од местото и сакаше да ја напушти судницата. Реагираше и Јовановски кој ја обвини дека лаже и треба да се срами од тоа што го кажала.
На денешното судење ќе сведочи и Лилјана Тодоровска која е автор на проектот за старечки дом кој требало да го гради Меѓународниот сојуз.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина